Геј Талис (07.02.1932), репортер на „Њу Јоркер“ од 1569, низ призмата на наративниот журнализам го секцира моралот на американското опшество во неговиот социјален моментум од шеесеттите и седумдесеттите години, одбележан од сенката на виетнамските ужаси. Талис ја следи приказната на воајерот од Денвер кој го претвора својот мотел во лабараторија на интимноста каде таа треба да се разложи до непостоење, со единствено оправдување полно со класичната западноевропска капиталистичка парадигма – во приватноста на неговиот личен имот тој е единствен нејзин господар.

„Зборот интима, од латинското „intimus“, означува нешто „највнатрешно“, „моја најдлабока природа.“ Но иако интимата ја сметаме за саморазбирлив феномен, веќе Лефебре нè предупредува дека интимноста секогаш „се одзема“ од јавниот простор и дури последователно се прогласува за приватност. Интимноста-по-себе не постои, таа е она што луѓето ќе го украдат од јавниот простор, ќе го „отпазарат“ од светот и последователно ќе го прогласат за свое. Обратно, секоја идеологија ја смета човечката интима за „своја сопственост“ (слично на интернет-компаниите), додека луѓето само имаат привид дека ја поседуваат „својата“ интима.“ (Котеска, Јасна – Комунистичка интима, Темплум 2008).

Спротиставено на ова, но само како одделеност со проѕирниот историски и географски стаклен ѕид, е приватноста и интимното во нашиот културен курикулум: во балканскиот катун, живеалиштето е составено од огниште, одделено со еден ѕид од просторот наменет за животни. Во огнишето, рогозините на мајката и таткото, се веднаш до оние на децата, а недалеку се и оние на старите родители од машката страна – тука не постои концепција за интимност, сé се случува во заедничкиот простор. Промени во ваквиот прицип на домување во руралните краишта се забележуваат дури при крајот на деветнаесетниот век.

Понатаму, во дваесеттиот век, јавувајќи се во своето автентично новаторско јадро (дваессеттите години во Русија), комунизмот како идеја, ја согледува интимноста од прозорецот на новото, дали колективирањето на интимноста можеме буквално да го сфатиме како уништување на собите?  „„Треба веднаш да објаснам дека куќите со соби не ги сметам за задолжителни и сметам дека под поимот соба ќе се подразбира само поранешниот населен простор на поранешниот човек.“ Вака пишува Шчекин, потпирајќи се на идеите на Троцки, во статијата „Како да се живее на нов начин“ (Костром, 1925). По Октомвриската револуција, комунистите експресно го скицираат идниот интимен простор – и велат: нема повеќе да има соби. Собите ќе бидат физички уништени. Ако некоја соба преживее, ќе преживее само како музејска вредност, артефакт што го населувал некогашниот човек кој автоматски ќе стане минат човек. Зошто комунистите биле непријателски расположени кон собите? Шчекин дава одговор: „Осаменоста на собата не му треба на колективистичкиот човек…. Осаменоста, пак, потребна за извесни часови на љубов, тој ќе може да ја задоволи во специјалните градини на насладата каде што со својата другарка ќе стекне потребен конфор.““ (Котеска, Јасна, исто).

Денес електронското социјализирање е Мотелот на нашиот век, тоа е сеприсутно и веќе интернализирано. Тука, контролирано (според нашата перцепција) се изложува нашата интимност и приватност, со наше оправдување – личен избор да се учествува во истото и пополнување на интернет содржините со нас самите, иако тоа пополнување на просторот во најголем дел не е платено.

МОТЕЛОТ НА ВОАЈЕРОТ [1]

Геј Талис

Знам оженет човек и татко на две деца кој купи мотел со дваесет и една соба во близина на Денвер пред могу години со цел да стане негова воајерска резиденција. Со помош на неговата жена, тој отвори правоаголни отвори со големина од 35 сантиметри на таваните на повеќе од десетина соби.  Потоа ги обложи отворите со алуминиумски прозорчиња кои наликуваа на делови од вентилација, всушност, тоа беа отвори за обсервација кои му дозволуваа, преклонет на таванот, да ги гледа своите гости долу. Ги набљудуваше со децении, водејќи исцрпен записник на тоа што го видел и слушнал. Ниту еднаш, за сите тие години, никој не го дознал.

За првапат дознав за овај човек по добивањето на рачно-напишано препорачано писмо, без потпис, датирано – 7, 1980, во мојот дом во Њу Јорк:

Драг г-не Талис:

Откако разбрав за вашата долго очекувана студија за сексот во Америка од еднот до другиот брег, која ќе биде вклучена во вашата книга која треба наскоро да биде објавена –  „Сопругата на соседот“, чувствувам дека имам важна информација која може да допринесе на нејзините содржини или пак на содржините од некоја идна книга.

[1] Текстот во целост: American chronicles, New Yorker, 11.04.2016 http://www.newyorker.com/magazine/2016/04/11/gay-talese-the-voyeurs-motel

[2] Слика: Vacation Postcards: Bill Will Motel, Canton, Preservation in Mississippi https://misspreservation.com/2011/02/02/vacation-postcards-bill-will-motel-canton/

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/file8022featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/file8022featured-150x150.jpgИвана ХаџиевскаАнтроПроповоајер,документаристика,интимност,приватностГеј Талис (07.02.1932), репортер на „Њу Јоркер“ од 1569, низ призмата на наративниот журнализам го секцира моралот на американското опшество во неговиот социјален моментум од шеесеттите и седумдесеттите години, одбележан од сенката на виетнамските ужаси. Талис ја следи приказната на воајерот од Денвер кој го претвора својот мотел во...Нова мисла на пресушената почва.