Понатаму тој го опиша мотелот кој го поседувал повеќе од десет години.

Причината поради која го купив овај мотел беше за да ги задоволам моите воајеристички тенденции и огромна љубопитност за сите фази од тоа како луѓето ги спроведуваат своите животи, и социјално и сексуално… Го направив ова чисто од мојата неограничена љубопитност за луѓето а не само како настран воајер. Водев прецизна евиденција за голем дел од поединците кои ги набљудував и собрав интересна статистика за секој од нив, т.е. што се случило, што се рекло; индивидуалните карактеристики; години и тип на тело; дел од државава од каде доаѓале; и нивното сексуално оденсување. Тоа беа разноразни луѓе: бизнисменот што ја носи секретарката во мотел во поладневен час, што обично во мотелот  го класифицирафме како размена на „жешка постела“. Сопружници кои патувале од држава во држава, или на бизнис патувања. Двојки кои не се во брак, но живеат заедно. Жени кои ги изневеруваат своите мажи и обратно. Лезбејството, за кое направив посебна студија…Хомосексуалноста, за што имав мал интерес, но сепак ја набљудував како би ја одредил мотивацијата и процедурата. Седумдесеттите, подоцнежните години од нив посебно, донесоа друга сексуална девиајација, имено, групниот секс, за кој имав голем интерес при набљудувањето (…) Ги имам видено најголем дел од човековите емоции во сет нивен хумор и трагедија донесени до нивно комплетирање. Што се однесува на сексуланоста, посведочив, обсервирав и проучив од прва рака, изворен, нелабараториски секс меѓу парови, но и останатото, можните сексуални девијации во текот на овие 15 години.

Мојата главна цел во желбата да ви го доставам овај доверлив материјал е вербата дека може да е вреден за луѓето општо и за истражувачите на секост – посебно.“

Продолжи да кажува како сакал да ја раскаже неговата приказна, но „не бев надарен со писатлески манир“ и поради „стравот да се биде откриен“. Потоа ме покани на дописништво со него и ми сугерираше да појдам во Колорадо и да го увидам неговиот мотел:

„Во овај момент неможам да ви се откријам, во интерес на мојот бизнис, но тоа ќе го направам кога ќе ме уверите дека таа информација ќе биде чувана во целосна доверба.“

Откако го прочитав писмото, го оставив настрана неколку дена, нерешителен дали да одговорам. Како писател на документаристика кој инсистира на користење на вистинските имиња во статии и книги, знаев дека не би можел да го прифатам неговиот услов за анонимност. Бев длабоко разнебитен од начинот на кој се одесувал кон своите клиенти, кон нивната доверба и нападот во нивната приватност. Може ли таков човек да биде доверлив извор? Сепак, читајќи го писмото,  размислив дека неговите „методи за истражување“ носат некои сличности со оние моите во „Сопругата на соседот“. Јас, на пример, водев забелешки додека се справував со разговорите во салоните за масажа во Њу Јорк и додека се врткав со свингери во Сендстоун нудистичката комуна во Јужна Каролина (со една клучна разлика: луѓето кои јас ги набљудував и документирав ми ја имаа дадено својата согласност). Исто така, првата реченица во мојата книга од 1969 за Times „Кралството и моќта“, беше: „Повеќето журналисти се неуморни војаери кои ги гледаат издатоците на светот, несовршеностите кај луѓето и во просторот.“

Што се однесува на тоа дали мојот дописник во Колорадо е, со негови сопствени зборови, „растроен војаер“ – верзија на Хчковиот Норман Бејтс, или убивствениот режисер од „Ѕиркачот Том“ на Мајкал Пауел – или пак безопасен, бездруго, човек на „неограничената љубопитност“, или едноставно баснописец, можев да дознам само доколку ја прифатам неговата покана. Бидејќи планирав да сум во Феникс подоцна во истиот месец, решив да му пратам белешка, со мојот телефоски број, предлагајќи да се сретнеме попатно во Денвер. По некој ден, ми остави порака во моето говорно сандаче, ми кажа дека ќе ме чека на аеродромскиот пулт за багаж.

По две недели, кога се придвижив до рингишпилот за куфери, забележав маж кој насмеано ја крена својата рака. „Добредојде во Денвер“, рече тој, мавтајќи го со левата рака писмото што му го пратив. „Моето име е Гералд Фус.“

Мојот прв впечаток беше дека овај допадлив странец приликува на многуте мажи со кои се пресретнав во Феникс. На ниеден начин не беше чуден. Во своите средни четериесети, Фус имаше костенливи очи, околу 180 сантиметри висок, и благо дебелникав.

(…) „Ќе те ставиме во една од собите кои не ме опслужуваат со набљудувачки привилегии,“ рече тој, со озарена насмевка. Додаде дека, подоцна, ќе ме однесе во специјалниот таван со набљудувачка платформа, но само откако неговата тешта, Виола, која помага во мотелската администрација, ќе замине на спиење. „Мојата жена, Дона, и јас бевме внимателни никого да не впуштиме во нашата тајна, а истото важи, секако, и за нашите деца.“

(…)

Го прашав Фус дали некогаш чувствува грижа заради шпиунирањето над неговите гости. Иако ми призна дека пати од константен страв да не биде дофатен, тој не прифаќаше дека неговите активности на таванот носат штета некому. Рече дека тој се препуштал на неговата љубопитност во границите на неговиот личен имот, и бидејќи гостите се несвесни за неговиот војаеризам, тие не се допрени од него. Тој расправеше, „нема напад на приватносат, доколку нема поплаки“. И покрај се, тој минуваше низ голем труд како не би бил откриен, беше загрижен дека дофатен – ќе биде обвинет.

(…)

„Дона не е војаер“ ми кажа, „таа е повеќе, посветена сопруга на војаер. И за разлика од мене, порасна со слободен и здрав одност кон сексот.“ Тој продолжи, „таванот беше продолжеток од нашата сплана“. Кога Дона не била со него на набљудувачката платформа, тој или би мастурбирал или би го запишувал она што го гледал, а потоа би го ресоздавал истото со сопругата.

(…)

Ја отклучи горната фиока од неговото биро и извади хартиена кутија во која беа содржани во пласт од 10 сантиметри – неговата работа од изминатите петнаесет години. Неговиот краснопис и административна педантност беа одлични. Ова беше неговиот манускрипт кој тој си го нарекуваше „Дневникот на војаерот“.

(…)

Во еден запис од 24 ноември 1966, го опишува користењето на набљудувачката платформа за прв пат:

Субјект бр.1: Г-дин и Г-ѓа В. од јужен Колорадо.

Опис: Околу 35 годишен маж, во Денвер, работно. 177 см, 81 килограм, бели крагни, најверојатно високо образован. Сопругата 35 годишна, 162 см, 58 килограми, пријатно дебелникава, темнокоса, италијански црти, образована, 93-71-93.

Активност: Собата бр. 10 беше изнајмена на овај пар во седум часот попладне од мене. По регистрацијата, веднаш се упатив кон обсервација. Да ги гледам моите први субјекти беше нешто огромно. Тие беа преставени пред мојот вид појасно отколку што очекував. Имав чувство на огомна моќ и веселие поради моето остварување. Јас го достигнав она што другите луѓе само го сонуваат и помислата за супериорност и инегениозност го окупира мојот мозок.

Додека ѕиркав, можев да ја видам целата соба, и на мое задоволство, тоалетот беше исто така достапен, заедно со славините, комодата и кадата. Можев да ги видам субјектите под мене, и безпоговорно тие беа одличен прв пар за перформанс на сцената направена посебно за нив и за многу други после нив, а јас бев публиката. Откако појде во тоалетот со затворена врата, стоеше пред огледаото гледајќи во својата коса и забележа дека таа станува сива. Тој беше полемично расположен и се чинеше незадоволен од неговата задача во Денвер. Вечерта помина еднолично се до 20:30 часот кога таа конечно се соблече, откривајќи благо дебелникаво, убаво тело, привлечно во секој случај. Тој се чинеше незаинтересиран кога таа легна до него и пушеше цигара – за цигара гледајќи телевизија (…)

Заклучок: Тие не се среќен пар. Тој е премногу загрижен за своето работно место и нема време за неа. Многу е арогнатен при сексуалната процедура и предигра и покрај високото образование. Ова беше многу неистакнат почеток за мојата опсервациска лабараторија.

Како што одминува времето, Фус станува се по разочаран од своите гости, чие однесување го потикнува да се соочи со низа прашања за човековата положба како и за личните политички убедувања. Со пешачка оддалечеос од мотелот беше воениот медицински центар Фицсимонс, кој за време на шеесетите и седумдесетите служеше како привремен дом за повредени ветерани од Виетнам. Фус беше само умерено против војната кога ја изгадил својата платформа, но како што борбата продолжуваше тој го смени своето мислење. Во „Дневникот на војаерот“ тој запишал:

Го гледав овај маж кој е во Службата и очигледно загубил нога во Виетнам. Тој изнајми соба на 5 дена и доби пропусница од болницата да остани тука со својата сопруга која дојде од Мичиген да го посети. Неговата вештачка нога беше прицврстена веднаш под коленото, местото изгледаше сирово и болно. Вечерта Фус гледаше како жената отвори две шишина кола, а сопругот направи тост.

„Да наздравиме за она што го врти светот!“

„Секс…?“ Таа се насмевна.

„Не! Пари! Тоа е единственото нешто за кое луѓето би направиле скоро се. За што мислиш дека сме ние во Виетнам. Тоа се проклетите пари.„

Фус сакал да отпочнува муабетење со гостите откако ги опсервирал. Дознаел ли дека некој е од Денвер, понекогаш ги прател до нивниот дом после одјавувањето.

Една таква бил средовечна жена која се се пријавила во мотелот се добро облечен млад маж. Жената измешала некаков пијалок, ги соблекла алиштата. Непосредно пред нејзиниот оргазам тој наеднаш застана: „Имам проблеми со отплаќањето на мојот автомобил,“ и кажа. Таа посегна по паричникот и му даде банкнота од сто долари. Потоа тој повторно го сврте вниманието кон нејзиното тело. Откако ја задоволи, ја одби нејзината понуда да продолжат, за набрзо да попушти: Ми требаат уште 50 доларти за да си ги платам сметките,“. Таа му ги даде парите и по неколку минути тој си замина.

Кога жената одвози од мотелот, Фус ја следеше во неговиот автомобил и ја виде како влегува во комплекс социјални станови. Ја набљудуваше преку прозорецот од нејзината кујна. „Таа плачеше,“ запиша. Фус истражувал и од нејзините соседи дознал дека сопругот загинал во Виетнам а синот се школувал надвор од градот. Во својот заклучок тој запишал: „Огромната сексуална желба која овие среовечни жени ја покажуваат за време на ваквите средби е јасна трагедија. Додаде дека го видел истиот  жиголо во мотелот и со мажи.

[1] Текстот во целост: American chronicles, New Yorker, 11.04.2016 http://www.newyorker.com/magazine/2016/04/11/gay-talese-the-voyeurs-motel

[2] Слика: Vacation Postcards: Bill Will Motel, Canton, Preservation in Mississippi https://misspreservation.com/2011/02/02/vacation-postcards-bill-will-motel-canton/

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/file8022bwfeatured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/file8022bwfeatured-150x150.jpgИвана ХаџиевскаАнтроПроповоајер,документаристика,интимност,приватностПонатаму тој го опиша мотелот кој го поседувал повеќе од десет години. Причината поради која го купив овај мотел беше за да ги задоволам моите воајеристички тенденции и огромна љубопитност за сите фази од тоа како луѓето ги спроведуваат своите животи, и социјално и сексуално... Го направив ова чисто од...Нова мисла на пресушената почва.