Mac DeMarco – This Old Dog

Третиот албум на канадскиот пејач, кант-автор и продуцент Mac DeMarco е инди рок издание во кое старото куче учи нови трикови. Во This Old Dog Mac ја презентира својата позрела и посериозна страна, споделувајќи приказни за неговиот отуѓен татко. Во првата трака My Old Man тој ја отвора оваа тема со стихот “Oh no, looks like I’m seein’ more of my old man in me“. Но, во овој негов албум тој не е само вешт текстописец, туку и од продукциска гледна точка е подобро структуриран од претходните негови дела. Единствено неговиот вокал останува ист.


Forest Swords – Compassion

Следбеникот на Engravings – Compassion, е вториот студиски албум на британскиот продуцент Matthew Barnes (Forest Swords). Ова издание е елекстронски експериментален албум. Иако вокали се слушаат низ целиот албум, стихови се присутни само во Panic. Но тоа не го спречува Forest Swords да долови емоции и да прикаже суштина во ова негово светло, оптимистичко и еуфорично остварување.


Perfume Genius – No Shape

Четвртиот студиски албум на Mike Hadreas (Perfume Genius), No Shape, е неговиот досега најреализиран проект. Бестрашен и личен, овој запис е исполнет со љубовни, религиозни и егзистенцијални тематики. Преку неговиот нежен вокал и бавното сензуално темпо на траките, Perfume Genius формира емотивна конекција со слушателот. Во продолжение чујте ја Die 4 You.


!!! – Shake the Shudder

Насловен Shake the Shudder, седмото студиско остварување на американскиот денс-панк бенд !!! (Чк чк чк) е албум кој ќе ве натера да танцувате. Ретро вајбови од 90тите, фанки гитарските рифови и соул вокалите се сржта на ова издание. Дванаесетте траки ја нудат типичната диско естетика и ве повикуваат на танц и тоа Shake the Shudder.


Son Lux – Remedy (EP)

Експерименталната поп група Son Lux се враќаат на музичката сцена со нивното ново EP Remedy. Четирите траки што го сочинуваат ова издание биле напишани веднаш по Американските избори во 2016та година. Son Lux го опишуваат ова EP : поглед во „како е да се живее, твори и бунтува во Америка денес“.


Nick Murphy – Missing Link (EP)

Новото музичко остварување на Nick Murphy претставува симбол на неговата реинвенција како артист. Missing Link со преку 5 траки диверзен стил и звук ја финализира неговата транзиција од Chet Faker во Nick Murphy. Иако неговиот препознатлив вокал е се уште присутен, од продукциска гледна точка станува збор за доста експериментално EP. Во продолжение чујте ја соработката со Kaytranada Your Time.


Xeno & Oaklander – Movements II

Минималното електронско дуо Xeno & Oaklander се враќаат со продолжението на нивното Movements издание од 2015 година. Movements II претставува амбиентално и целосно инструментално парче музика зачинето со оркестарски и synth звуци. Тоа се состои од 7 траки поделени во два дела, Theriac и Movements II.


Burial – Subtemple EP

Најновото остварување на британскиот продуцент Burial претставува атмосферично, амбиентално парче музика кое би можело да биде филмски саундтрак. Иако неговиот препознатлив звук е присутен и во ова EP, Subtemple е првото негово дело каде битовите се целосно запоставени. Исто така, за разлика од претходните негови изданија кои што ја доловуваа атмосферата во урбана градска средина, во ова EP Burial заминува во дивината.


Proc Fiskal – The Highland Mob EP

Најновиот член на издавачката куќа Hyperdub, шкотскиот продуцент Proc Fiskal, го издаде своето деби EP The Highland Mob. На седумте траки Proc Fiskal комбинира различни музички влијанија – grime, jungle, 2-step, обединети во новосоздадениот жанр наречен Ruff Sound. Чујте го ова свежо, музичко издание.


Death Grips – Steroids (Crouching Tiger Hidden Gabber Megamix)

Експерименталниот американски состав Death Grips го сподели своето најново парче – 22 минутната трака/микс Steroids (Crouching Tigger Hidden Gabber Megamix) која во својата структура повеќе делува на EP. Noise трака која е интензивно искуство, кондензирана, но еднакво возбудлива. Воедно тие најавија дека нивниот следен албум е во изработка.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/maxresdefault-1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/maxresdefault-1-150x150.jpganonimenМузикаанализа,политика,рап,ревизија,систем,уметностMac DeMarco – This Old Dog Третиот албум на канадскиот пејач, кант-автор и продуцент Mac DeMarco е инди рок издание во кое старото куче учи нови трикови. Во This Old Dog Mac ја презентира својата позрела и посериозна страна, споделувајќи приказни за неговиот отуѓен татко. Во првата трака My Old Man...Нова мисла на пресушената почва.