Aphex Twin – Field Day LP / London 03.06.17

Британскиот продуцент Aphex Twin ги изненади фановите со ненасловена плоча која беше на продажба за време на Field Day фестивалот во Лондон. Ова издание содржи 11 ненасловени IDM траки кои можете да ги чуете во продолжение.


Perera Elsewhere – All of This

Вториот албум на британската артистка базирана во Берлин – Sasha Perera, All of This, е експериментално поп издание зачинето со примеси на трип-хоп. Мрачната атмосфера и дисторзираниот вокал на Perera се проминентни, но и привлечни. Овој албум содржи 11 траки меѓу кои Karam – интересна преработка на секс химната на 50 Cent – Candy Shop.


Lapalux – Ruinism

Во неговото трето LP, британскиот експериментален артист Lapalux наоѓа убавина во рушевините. Тој го истражува апстрактното, полето меѓу животот и смртта – лимбо на претпазлив и минуциозен начин. Во ова издание тој користи реални инструменти, хардвер како и вокали, меѓутоа во преден план е инструменталната страна. Семплирајќи, ресемплирајќи, употребувајќи дисторзии и променувајќи ја гласноста на своите звуци  Lapalux достигнува еден хармоничен хаос кој нема да те остави рамнодушен.


Laurel Halo – Dust                                 

Третото LP на американката Laurel Halo, електронската артистка базирана во Берлин нуди топли, експериментални звуци. Лирично, Halo наоѓа инспирација во бетонската поезија, заедно со нејзините гости Klein и Julia Holter наизменично префрлајќи се од пеење во sprechgesang. Dust е моќно издание, но и утешно.


SZA – CTRL

Американската артистка SZA со нејзиниот деби албум успева своите лични искуства да ги преточи во трогателно R&B полно со соул. CTRL нуди искрени лирики налик на исповеди придружени со бавни битови. Младата пејачка бара конекција во свет заситен со социјалните медиуми. Погледнете го видео записот за Drew Barrymore во кој Drew Barrymore всушност има камео појавување.


Lorde – Melodrama

Долгоочекуваниот втор албум на новозеланѓанката Lorde насловен  Melodrama пристигна. Ова поп издание е полно со тага и хедонизам. Lorde на маестрален и зрел начин ги обработува тематиките на раскинување и сингл животот. Таа наоѓа самоприфаќање и воопшто не и пречи да танцува сама. Во продолжение чујте ја Sober II (Melodrama).


Vince Staples – Big Fish Theory

Во негово второ албумско издание американскиот рапер Vince Staples истражува како раперите се перципирани и како самите се перципираат. Big Fish Theory содржи енергични хип-хоп траки и соработки со широк опсег на артисти – Kendrick Lamar, Damon Albarn, Bon Iver, ASAP Rocky, Kilo Kish, итн.


 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/fish_featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/fish_featured-150x150.jpganonimenМузикаанализа,уметници,уметностAphex Twin – Field Day LP / London 03.06.17 Британскиот продуцент Aphex Twin ги изненади фановите со ненасловена плоча која беше на продажба за време на Field Day фестивалот во Лондон. Ова издание содржи 11 ненасловени IDM траки кои можете да ги чуете во продолжение.Perera Elsewhere – All of This Вториот...Нова мисла на пресушената почва.