Ако ве обземе монотоната четврточна досада и благата постпразнична јануарска депресија тогаш можеби не е лоша идеја да погледнете документарец кој ќе ве потсети дека среќата во животот е преценета и релативно нереална состојба.

After Life, познат на Јапонски како Wandafuru raifu (Wonderful Life), е филм од 1998 режиран од Hirokazu Koreeda во кој учествуваат Arata Iura, Erika Oda, Susumu Terajima. Станува збор за експериментален филм кој претставува комбинација на фикционална содржина и документарна форма.

Сценариото е многу едноставно и ефективно. Дваесет и две души на скоро починати луѓе пристигнуваат во една зграда која симболизира средишна точка, станица, помеѓу животот и смртта. Таму, пристигнатите души имаат една недела да го изберат најсреќниот момент од нивните животи кој ќе го понесат со себе во вечноста. Филмот на непретенциозен начин, со својата едноставна, но импресивна нарација успева да начне многу интересни теми поврзани со смислата на постоењето и меморијата. After Life се претставува себе си како документарец за свет кој речиси сигурно не постои, и низ ваквата измислена приказна успева да презентира  искрена и реална слика за животот. Пред снимањето режисерот, Koreeda, интервјуирал околу 500 луѓе од цела Јапонија прашувајќи за нивните најсреќни сеќавања, некои од овие интервјуа се користат во финалниот филм заедно со сценираните делови. Меѓу душите кои пристигнуваат на станицата има една постара жена, тинејџерка, седумдесет годишен воен ветеран и еден млад бунтовен човек кој гледа со презир на правилата. Низ овие ликови гледаме различни причини поради кои луѓето остануваат неодлучни кога се соочени со вакво прашање. Интересни се тука и приказните на вработените во станицата кои со својата појавност и учество играат значителна улога во градењето на целината и смислата на филмот. Откако мемориите се избрани тие се рекреираат и се снимаат од вработените на станицата со употреба на различни филмски трикови и илузии што суптилно упатува на одреден степен на автореференцијалност на филмот. На ваквата свртеност на филмот кон самиот себе упатува и интересната комбинација на документарните елементи со измислениот наратив, создавајќи уникатно дело кое се обидува да не доближи до подлабоко разбирање на субјективната природа на меморијата и нејзиното значење.

At the time, I searched desperately inside myself, for any memory of happiness. Now, fifty years later, I’ve learned, I was part of someone else’s happiness.

What a wonderful discovery.


(Visited 34 times, 1 visits today)
http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/image-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/image-150x150.jpgМарија БошковскадокуЛокум - кратко. слатко. онтолошки.документарен филм,документаристика,животАко ве обземе монотоната четврточна досада и благата постпразнична јануарска депресија тогаш можеби не е лоша идеја да погледнете документарец кој ќе ве потсети дека среќата во животот е преценета и релативно нереална состојба. After Life, познат на Јапонски како Wandafuru raifu (Wonderful Life), е филм од 1998 режиран од...Нова мисла на пресушената почва.