Конечно! Твојот омилен скопјанец има нов албум!

Њујоршкиот рапер АРИЈАН АСЛАНИ aka ACTION BRONSON aka BRONSOLIÑO по цели две години конечно го издаде својот нов албум BLUE CHIPS 7000 . Овој албум е уште еден во серијата на соработки помеѓу ACTION BRONSON и продуцентското дуо PARTY SUPPLIES Party, со кого претходно BRONSON соработуваше и на BLUE CHIPS и BLUE CHIPS 2 . Овојпат помогнати со повеќе продуцентски имиња, успеаа да креираат музика која [барем според првите неколку слушања] ќе му биде блиска и допадлива на секој фан на ACTION BRONSON , а особено доколку BLUE CHIPS 1 и 2 се вашата шоља чај [читај: чашка ракија]. За оние кои не се запознати со BLUE CHIPS серијалот, станува збор за инструментали кои содржат семплови од ретро песни [ориентална музика, јапонски фанк, италијански шансони, шпански поп, американски соул] надополнети со семплови од говор од филмови, реклами и изјави на спортисти [гуглај TALKING ABOUT PRACTICE – ALLEN IVERSON].

Многу, многу долго време овој албум беше заглавен во пост-продукцискиот пекол и иако првично беше најавен за крајот на 2016 година, излезе дури на 25 август 2017. Сите проблеми кои го попречуваа излегувањето на албумот беа настанати поради одобрувањето за користење на семпловите во песните на албумот. Дел заради тоа дека требаше да се плати за да се користат истите, дел пак заради тоа што VICE RECORDS не можеше да ги најде потребните дозволи за користење порано.

Верувам дека овој вовед беше доволен за сите да знаат за што станува збор, па дури и оние кои првпат слушаат за ACTION BRONSON. А во продолжение, искрен и детален осврт на албумот.

Од моментот кога ќе го слушнете интрото на првата трака од албумот, веднаш ќе ви стане јасно дека се работи за албум на ACTION BRONSON. Аудио-скечот во кој BRONSON ја тера мајка му да каже колку е high со кој почнува премиерната трака на албумот, WOLFPACK, одлично го доловува целиот вајб кој ве очекува натаму. BRONSON e комичен како и секогаш, a инструменталот разигран и впечатлив каков што знаат да го направат само PARTY SUPPLIES, фантастично го отвора албумот и ви дава до знаење дека се работи за уште едно издание од серијалот BLUE CHIPS. И така албумот патува до втората станица, наречена LA LUNA, песна која е продуцирана од еден од најголемите во играта – THE ALCHEMIST. Како и обично, тој знае да одбере инструментал кој ќе му помогне на BRONSON да се изрази со целата своја комична брилијантност, притоа не засенувајќи го со премногу комлициран или тежок бит. Ист е случајот и на траката TANK, во која се појавува BIG BODY BES, омилениот човек на BRONSON. Еден од продуцентите на кому му е отстапена сцената е и HARRY FRAUD, кој е многу попознат по соработките со FRENCH MONTANA, THE WEEKND, WIZ KHALIFA и слични популарни артисти. HARRY FRAUD внесува нов елемент на албумот, нов вајб кој ги води песните THE CHAIRMAN’S INTENT, BONZAI, LET ME BREATHE  и секако, третото продолжение на 9-24- серијалот, 9-24-7000. Свежа крв на овој албум внесува и DARINGER, кој ги продуцираше песните CHOP CHOP CHOP и THE CHOREOGRAPHER. Тоа е една од оние песни кои се одвојуваат на албумот, една од оние кои оставаат впечаток дека ќе бидат меѓу најпопуларните песни на ACTION BRONSON во иднина. Траката содржи семпл од една многу обскурна песна наречена I’M BACK FOR MORE од групата LEO’S SUNSHIPP и совршено се вклопува во пловењето на целиот албум. Последен, но не и помалку вреден за напоменување е продуцентот KNXWLEDGE, кој е одговорен за траките HOT PEPPER и DURAG vs HEADBAND. Дивиот инструментал на DURAG vs HEADBAND му служи како шведска маса на симпатичниот дебелко BRONSON и тој успева да ја “изеде” секоја нота, секој удар и секое мало парче бас кое KNXWLEDGE му го сервира.

Што се однесува до ACTION BRONSON, тој на овој албум е комплетно на ниво на задачата. Агресивното и гласно рапување кое стана негов заштитен знак е повторно присутно и е надополнето со безброј досетливи и смешни стихови но и неколку мудри, внимателно вметнати игри со зборови. Дали се работи за едноставен стих како [I’m qualified to speak to my attorney, adress the jury in a Shaq jersey] – [Hot Pepper] или пак [you lack culture, I’m a psychedelic image of a black vulture trapped inside a past soldier] – [DURAG vs HEADBAND] па сѐ до стихот “[three dice in my hand, I might as well shake it, mommy need a kitchen set, she off the boat, she don’t even know The Simpsons yet] – [BONZAI], секогаш кога Bronson ќе ја отвори устата од неа излегуваат реченици кои се лесни да се запаметат а сепак имаат доволно уметничка вредност за да можеме нему да му го дадеме епитетот lyrical.

Листата на featured артисти е кратка, но тотално се вклопува во албумот. На BLUE CHIPS 7000 Blue Chips 7000 гостуваат MEYHEM LAUREN, JAH TIGER, RICK ROSS  и секако, BIG BODY BES.

На крајот на денот, по преслушувањето на албумот останува впечатокот дека ова е уште еден многу солиден проект на ACTION BRONSON. Уште еден проект за коj ACTION се грижи да биде квалитетен а притоа да биде и доволно допадлив за широката публика. Во ниту еден момент на BLUE CHIPS 7000 не се почувствува желба за приклучување кон трендовите, туку ACTION BRONSON си остана доследен на своето име и склопи проект кој е типичен само за него. Можеби тој како рапер изостанува од листата на “најдобри на денешницата” но затоа никој не може да се противи против фактот дека е еден од најголемите шоумени во неговата гранка. BRONSON со тек на време си ја најде публиката. Или пак, публиката го најде BRONSON. Како и да е, тој сега е веќе познато име во рап сферата и од ден на ден е сѐ попопуларен и поблиску до светска слава.

Сметам дека би било сурово да го оценувам албумот бидејќи не го доживувам како нешто што имам потреба да го рангирам. Едноставно е, ова е албум на ACTION BRONSON, од почеток до крај. И добар е. Многу.

 

Слушајте добра музика и ширете љубов насекаде.

 

Кирил Зарински

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/bronsolinotesakame-1024x576.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/bronsolinotesakame-150x150.pnganonimenМузикаОстанатоанализа,критика,рап,уметници,уметностКонечно! Твојот омилен скопјанец има нов албум!Њујоршкиот рапер АРИЈАН АСЛАНИ aka ACTION BRONSON aka BRONSOLIÑO по цели две години конечно го издаде својот нов албум BLUE CHIPS 7000 . Овој албум е уште еден во серијата на соработки помеѓу ACTION BRONSON и продуцентското дуо PARTY SUPPLIES Party, со кого претходно BRONSON...Нова мисла на пресушената почва.