Француски уметник кој го носи минимализмот до совршенство. Неговите почетоци се врзуваат со продавање на цртежи по улиците на Њујорк. Forest во меѓувреме станува сензација на Instagram со повеќе од 63.000 следбеници. Има работено за повеќе брендови со големи имиња како Cartier и Adidas, соработувал со многу понати дизајнери низ целиот свет. Моментално има свое студио за дизајн. Се чини дека обликување и линиите се нештата кои го фасцинираат Frédéric Forest. Го обединува приватниот живот и професионалниот со цел хармонијата да е видлива во уметноста што ја создава. Едноставни, но заводливи цртежи – вака многумина ја дефинираат неговата уметност. За уметноста вели:

„Art is like beauty, it is in the eyes of the viewer..“

Илустрацијата и дизајнот се неговата професија. Дипломирал на ENSCI/Les Ateliers во Париз. Работи за многу меѓународни фирми, користејќи го неговиот пристам за имиџот на брендот, визуелниот идентитет и дизајнот на продуктите. Социјалната мрежа Instagram за него претставува платформа преку која научил како да ги развива своите цртежи имајќи след како истите комуницираат со луѓето. Како сите така и тој почнал да црта уште како мал, но не застанал таму затоа што сфатил дека токму во едноставните „детски“ цртежи се крие уметноста. Цртежот секогаш е дел од дизајнерската работа, но настрана од работата тој во на почетокот цртал само за себе. Се вклучувал во проекти за модни илустрации, детски книги, приказни или графички романи. Цртежите за него биле нешто многу лично, не ни претпоставувал дека сега ќе се испраќаат низ целиот свет.

Како еден од најзначајните моменти како уметник го спомува Њујорк во 2001, при крајот на своите студии. Останал без пари и решил да продава цртежи по улицата 5TH Av. Некои модни илустрации. Таму бил два часа, еден човек одејќи брзо, поминал покрај него и одејќи по патот одеднаш застанал и се вратил назад. Посочил кон еден од цртежите на Forest, на цртежот имало црнец кој танцува. Човекот се насмеал и кажал „Кој го направи овој цртеж?“, Forest одговорил дека е негов цртеж. Го погледнал и рекол „Ова е мојот син, тој е модел.“ И човекот бил апсолутно во право, Forest инспирацијата за овој цртеж ја презел од списание.

За него инспирацијата е резултат на случајни моменти „се што поминува низ мојата глава или пред моите очи го крадам моментот и го претворам во цртеж“. Тие моменти би можеле да бидат сè, мирис, звук, некој што случајно ја преминува улицата. Неговите влијанија се на маргините помеѓу фотографија, мода, гастрономија, музика, типографија, танц, поезија и светлина. Сите овие работи му овозможуваат да го изрази секое ново чувство и да создаде нова приказна.

На неговите цртежи претежно се присутни женски тела или теми поврзани со природата. Тој ги црта жените какви што се, не какви што би сакале да бидат. Иако црта и машки силуети, сепак попривлечни од естетска гледна точка се задржува на женското тело. Иако ретки, сепак присутни се и цртежи во кои се среќаваат формите на природата, совршените кривини, бои и слично.

Цртежи во минималистички стил, тенките линии од суштинско значење – сосема доволни за да сугерираат идеја. Токму поради преубавата едноставност, неговите цртежи веќе се користат како идеи за тетоважи низ целиот свет.    Тој не користи бои, црта едноставно со црно пенкало или други средства за цртање во зависно од расположението, без прецизен предмет и без очекувања. Фокусира на линии и форми. Неговата рака е филтер, со свој сензибилитет. Ја контролира истовремено ја пушта да тече, да танцува, да го следи својот пат. Forest ја пронашол рамнотежата помеѓу контролата и инстинктот.

Повеќе информации за Frédéric Forest можете да на неговиот Instagram профил.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/tumblr_o5n2v0pxU31uu9fqho1_1280-1024x683-1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/tumblr_o5n2v0pxU31uu9fqho1_1280-1024x683-1-150x150.jpgИрена ТрајковаВизуелноминимализам,постмодернизам,сликарство,уметници,уметностФранцуски уметник кој го носи минимализмот до совршенство. Неговите почетоци се врзуваат со продавање на цртежи по улиците на Њујорк. Forest во меѓувреме станува сензација на Instagram со повеќе од 63.000 следбеници. Има работено за повеќе брендови со големи имиња како Cartier и Adidas, соработувал со многу понати дизајнери...Нова мисла на пресушената почва.