Кристина Первила работи како независен продуцент од 1988. Има продуцирано и ко-продуцирано широк дијапазон на креативни документарни филмови за ТВ и кино, интернационални оперски и балетски перформанси на сцена и координирано гостувачки перформанси за страснки оперски куќи во Финска и Шветска. Помеѓу 1982-83 и 1988-93 таа живела надвор од Финска. Во април 1999 ја отвара Oy Millennium Film Ltd.

Кристина Первила работела и како тутор, критичар и експерт за EDN и Eurodoc тренинг програмите во повеќе земји од 1999, исто така е модератор за Nordisk Forum. Таа била во извршниот одбор на  EDN 2003-2005 и предводник на група за Eurodoc 2006.

Во слободното време, Кристина понекогаш оди на лов и риболов. [1]

Таа е дел од жирито за овогодинешната награда „Млад Кромид“.
Ја сретнавме на нејзиниот master class на овогодинешната МакеДокс работилница за визуелна нарација и камера „1 слика, 1000 зборови“:

На 8. МакеДокс – 8 прашања со Кристина Первила Андерсен

1. Подготвувајќи се за овој разговор некаде прочитав: „Земја без документарци, е како семејство без фото албум“. Имајќи локален фокус во глава, што е најинтересно за тебе да докуметираш на филм за Финска?

  • Малку е посложено од тоа. За мене, повеќе ми е во цел да направам филм на еден креативен начин кој порачува нешто. Не одам според тема, можеш да направиш филм за било што: луѓе…, дури и за парче камен. За мене е многу поважно како ја раскажуваш приказната.

2. Сега од локалното, преминуваме кон општото: Земајќи ја целата историја и искуство на документарниот филм во Финска, дали се фокусира на посебна тема, можеме ли да ја ставиме во некаква дефиниција?

  • Имаме долга историја на документарен филм во Финска, дури и режисери кои творат само документарен филм. Тоа е во зависност од авторот. Може да се однесува на природата, културата, историјата, било што.

3. Работиш како независна продуцентка од 1988. Неизбежно ми е да се запрашам за родовата страна на твојата работа. Како жена во ова поле, кое е твоето искуство?

  • Најпрво работев надвор од Финска, и најмногу со балетски и оперски перформанси на сцена. А како жена во ова поле… можеби 28 години порано и немаше толку многу жени продуцентки, но не мислам дека е прашање на род, туку на себеопределување при работата. Сепак морам да кажам дека како и во секое поле каде има жени, мора да бидеш двапати подобра од машките колеги за да достигнуваш. Она што ме радува е дека денес во Финска, не само што има повеќе жени продцентки, туку и многу жени режисреки, кинематографи, произведуважи на звук, и тоа многу добри. Дури и имам работено во целосно женски тим и тоа допринесува за некоја додатна синергија. Не е прашање дали си маж или жена продуцент, може да бидеш само добар или лош продуцент.

4. Како започна да работиш на документарци?

  • Случајно. Се преселив во Финска во 93та од Италија. Таму работев со мојот претходен сопруг за фестивалот во Верона, а кога се преселив во Финска бев несреќна без работа. Во тој период единственото нешто што го знаев за филмовите беше – Бамби. Но, продуцирањето не е ракетна физика, единствено мора да бидеш начисто со себе и да имаш организациски способности. Мора да знаеш да работиш со артистички души и некои основи на креативниот процес. Но сето тоа ми беше познато од предходната работа. Тогаш пополека започнав независна соработка со неколку филмски куќи и во 99та отпочнав во своја.

5. Низ продуцентски спекулум, како еден документарец може да ги промени локалните перспективи (на пр: да влијае врз локален развој, комунална работа, активизам…), земајќи во предвид дека продукцискиот тим долго време поминува во преговарање со локалните жители и власти, а тоа може да произведе повеќе видови на ситуации?

  • Мислам дека доколку не би се направила некаква разлика, не би ја работела мојата работа. Според мене, една од најбитните задачи на документарниот филм е да покрене дискусија, да отвори очи, да ги замисли луѓето, уште подобро ако се работи за прашања поблики до нас, прашања кои се однесуваат на нашето опшество. Можеби најинтересни ми се социјалните проблеми, па така имам работено на тематики кои се однесуваат на рециклирање, климатски промени, човекови права, и сето тоа раскажано на креативен начин кој не проповеда, не сакам проповедање, исто така не сакам ни давање изјави. Повеќе сакам да верувам дека гледачот ја има интелигенцијата и интересот, кога ќе слушне така раскажана приказна, само да одлучи за правецот на своето размислување. Ако го постигнеме тоа, документарецот бил вреден за трудот. И посебно, би повторила, ако проблемот се однесува на нашето опшество.

6. Концептот на осаменоста во „Невестата од седмото небо“, и концептот на осаменоста во „Шветската теорија за љибовата“ (Ерик Гандини, 2015). Дали независноста е нордиска специфичност, или тоа е само моја имагологија за друга култура, различна од балканската?

  • Да бидам искрена, не го познавам балкнаскиот менталитет доволно за да дадам свој суд. Всушност „Невестата…“ е снимена во Сиберија, на полуостровот Јамал со заедница на номади, од нацијата позната како Ненети. Жената која ја следи документарецот всушност живее во Финска со режисерот на филмот – нејзин сопруг. Беше привилегија за мене да работам на нивниот филм. А за прашањето – не, независноста не е Нордиска специфичност. Всушност независноста е дури поважна во земји кои имаат мали ресурси.

7. “Се викам Сабина Шпилрајн”; “Три соби за меланхолија” “Zavtra – Утре ”… Бидејќи сите се различни приказни, можеш ли да ми одбереш една и да ми раскажеш за некој специфичен белег кој бил оставен на тебе, некое навистина посебно искуство?

  • Повторно, зависи од критериумот. Зашто секој еден филм на кој сум работел, а мислам дека имам продуцирано 45 различни креатвни документарци, секој од нив бил одбележан со нешто посебно за мене. без тоа, јас не би можелада запознам толку могу луѓе, да ги видам нивните заедници, да го запознам животот на обичнниот народ. Ги наоѓам посебни на нивен начин. Затоа несакам натпреварувања, не мислам дека флмовите треба да се тркаат како коњи. Па кога треба да сум жири го сфаќам тоа со голема одговорност: морам да ги гледам филмовите некои три пати, да одлучам што е добро во смисла на содржина, кинематографија, потенцијал, продукциска вредност, има толку многу нешта кои треба да се земат во предвид.

8. Економиката на ужасот на постмодернизмите, политиките на корпорациите и фондовите удираат на светот на документарците: што е со етичкиот проблем на „социјална порнографија“ и „хуманитарен туризам“, како можеме да го препознаваме овај нус-ефект во документарните филмови?

  • Би сакала да сум оптимист и да речам дека тоа го нема, но за жал е обратно. Сосема си во право. Се прашувам себе си што е причината. ја гледам во еден целосно покривачки тренд, да го змемеме за пример ТВ-светот, гледаме натпревари во кои ако носот ти е малце поголем – можеш да испаднеш. Или можеби си предебела, можеби пре-било што. Ставени сме во постојан натпревар едни против други на најразлични начини. Можеби е така зашто денес најголеми донатори за независните продукции се јавните медиумски емитувачи. Тие следат рејтинзи и имаат комерцијални очекувања но и комерцијална моќ. Не може да се рече „Ова е негов/нејзни проблем“, повеќе се работи за притисок. Систематски е поставено, а некои дури го нарекуваат „развојност“. Имам чувство дека ние луѓето некако постојано ги повторуваме и повторуваме истите грешки. Ако ги погледенеме младите луѓе – денес сите се во трка за ефикасност и натпреварување. Многу сум среќна што сега со своите 60 години сум на друго место. Тоа е една од добрите работи кога се старее.

Прочитај англиска верзија овде.

[1] Инфо Millennium Film

[2] Фотографии, работилница – фото секција на МакеДокс

[3] Слики – Millennium Film

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/gallery_krisu1.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/gallery_krisu1-150x150.pngИвана ХаџиевскаФилмдокументарен филм,жени,македокс,уметност,филмски фестивалКристина Первила работи како независен продуцент од 1988. Има продуцирано и ко-продуцирано широк дијапазон на креативни документарни филмови за ТВ и кино, интернационални оперски и балетски перформанси на сцена и координирано гостувачки перформанси за страснки оперски куќи во Финска и Шветска. Помеѓу 1982-83 и 1988-93 таа живела надвор од...Нова мисла на пресушената почва.