На месечното прекршување 30. септември – 01. октомври, се случува мултидисциплинарниот проект „Кога зградите би зборувале“. Локалните наративи, во кои се вмрежуваат Скопје, Белград и Загреб, авторите ги сумираат преку идејата за анализа на културните, социјалните и етничките компоненти на урбаното во неговото минато и сегашност:

„Кога зградите би зборувале“ е колаборативен проект кој ги разоткрива деликатните, скриени траги од бришењето на колкетивната меморија на локалната историја, сето тоа прикажувајќи го преку конкретни примери на урбани простори (комплекс на згради и нивното опкружување) кои се/биле значајни обележја во одреден град или област.

Овa бришење од сеќавањето води кон речиси непрепознатлива промена на локалниот контекст влијаејќи цели заедници и различни општествени слоеви како и на целокупното општествено ткиво. „Кога зградите би зборувале“ се обидува да зборува на креативен и интердисциплинарен начин за локалните урбани проблеми, некогаш поврзани со една поединечна зграда или блок за живееење или деловен простор во сите градови партнери на ова иницијатива – Скопје, Белград, Загреб.

Преку детална анализа на овие згради/блокови, контекстуализирани со нивната околина и историски развој, „Кога зградите би зборувале“ се однесува на тенденциите на (не)солидарност, деградација, обнова на реалноста- покажувајќи исто така кои се конфликтите во овие згради/блокови кои потенцијално отвараат процепи во генералната општествена структура.

Опкружувањето на „Кога зградите би зборувале“ е суровиот и непредвидлив период на таканаречената „транзиција” која тенденциозно ги чисти сите идеолошки, политички, социјални, културни и етнички компоненти на претходниот период.  Во дивата и „наивна” желба за Европа, обидувајќи се да бидеме во чекор со доцниот капиталистички економски модел, овие политики имаат сериозно влијание врз заедниците но исто така и врз секојдневниот живот на индивидуите.

Поради сето тоа, проектот кој се развиваше во Скопје, Белград, Загреб и нивните локални заедници претставува агент кон промена на перцепцијата на мислење и делување, спроведувајќи една целосна агенда на активности како пефромативни структури на игри кои содржат елементи на театар, филм, предавање, претставени преку серија на јавни работилници и перфромативни шетачки тури/игри, каде што зградите претставуваат историски, политички, архитектонски и уметнички референтни точки.

Процесотот подразбира истражување на зградите: Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот Супервизуелна и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година.

Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF).

Програма:

КОГА ЗГРАДИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ

ДИСКУСИЈА ВО ДВА ДЕЛА

30.09.2017/ сабота

Кино на Железничка зграда Скопје (ул. Рајко Жинзифов, 36)

11:00 – 16:00ч.

11:00 – 13:00 прв панел

Модератор:  Ивана Драгшиќ, социолог и културна работничка

 

Панелисти:

Ивана Васева, Филип Јовановски, студија „Железничка зграда“, Скопје

Саша Ткаченко, студија бизнис и резиденцијален комплекс „Белвил“, Белград

Борис Бакал, Сандра Ускоковиќ, студија фабрика „Нада Димиќ“ – фабрика „Мостер/ Пенкала“, Загреб

Претставници од куќен совет на Железничка зграда, Скопје : Слободан Кочевиќ, Томе Каревски, Иван Џијановски

И претставници од неколку институции

14:00 – 16:00 втор панел

Модератор: Дејан Ивановски, архитект

Панелисти:

Слободан Велевски, доцент на Архитектонски факултет на УКИМ, Скопје

Марија Мано-Велевска , доцент на Архитектонски факултет на УКИМ, Скопје

Хелена Стерпин, архитект, дел од инжињерскиот колектив „Пракса“, Пула

Тадеј Курепа, новинар, член на платформата „Кој гради град“, Белград

КОГА ЗГРАДИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ

ПЕРФОРМАТИВНО – ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ

01 октомври 2017 год./ 12 часот

Железничка зграда Скопје (адреса: ул. Рајко Жинзифов, 36)

 

Станува збор за повеќеслоен и мултидисциплинарен проект кој подразбира истражувачки процес обликуван во форма на перформанс на уметникот Филип Јовановски во соработка со архитектот истражувач Дејан Ивановски како и конференција и публикација, сето тоа курирано од Ивана Васева.

Во центарот на овој проект е Железничка зграда во Скопје, уникатна зграда во Скопје градена кон крајот на 40-тите години на минатиот век, пример за социјално живеење и делување која во своите рамки вклучува и кино и периметаски блок кој уоквирува двор.

Проектот е дел од фестивалот „Млад отворен театар“ во Скопје, во рамки на придружната програма.

Важна напомена: Овој проект може истовремено да биде проследен само за 32 присутни во публика. Тие кои сакаат да присуствуваат нека пишат во инбокс.

 

Автор: Филип Јовановски

Кураторка: Ивана Васева

Истражувач и ко-автор на сценарио: Дејан Ивановски

Креативен тим:

Актерки: Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева, Долорес Поповиќ

Видео продукција: Илија Тирицовски

Дизајн на звук: Дејан Петровиќ

Учествуваат: Станарите од железничка зграда

Продукција: Оливер Мусовиќ

 

Кураторка на дискусијата и перформансот: Ивана Васева

Организација : ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/ Скопје

http://akto-fru.com/en/

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/10/If-Buildings-Could-Talk.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/10/If-Buildings-Could-Talk-150x150.pngИвана ХаџиевскаВизуелноОстанатоархитектура,историја,култура,перформанс,СкопјеНа месечното прекршување 30. септември - 01. октомври, се случува мултидисциплинарниот проект „Кога зградите би зборувале“. Локалните наративи, во кои се вмрежуваат Скопје, Белград и Загреб, авторите ги сумираат преку идејата за анализа на културните, социјалните и етничките компоненти на урбаното во неговото минато и сегашност: „Кога зградите би зборувале“...Нова мисла на пресушената почва.